За нас

20 Years Caring About You

За нас

Јавното Комунално Претпријатие Пролетер - Ресен е одговорно за одржување на фекалната и атмосферската канализација. Оваа дејност се врши преку посебно Одделение за канализација и пречистување на отпадни води.

Дејности

  • Снабдување со вода за пиење
  • Одведување и пречистување на отпадни води

Фекалната канализациона мрежа ги одведува фекалните отпадни води од градот Ресен и селата Јанковец, Царев Двор, Езерени, Горна Бела Црква и Долна Бела Црква. Најголемиот дел одведување на фекалните води во канализационата мрежа се врши гравитаионо. Еден дел од фекалните води, односно одведувањето на фекалните води од селата Долна Бела Црква, Езерени и Царев Двор се врши со препумпување преку четири препумпни станици од кои две се наоѓаат во Царев Двор, една во Езерени и една во Долна Бела Црква. Фекалните води понатаму се одведуваат на пречистување во Пречистителната Станица Езерени.
Пречистителната Станица Езерени е објект во состав на Јавното Комунално Претпријатие Пролетер и таа е изградена со цел заштита на животната средина и Преспанското Езеро као големо природно богатство кое се наоѓа на територијата на Општина Ресен.

Пречистителната Станица Езерени се наоѓа јужно од градот Ресен на оддалеченост од околу 1 километар од селото Езерени, односно оддалеченоста од градот Ресен е околу 10 километри.

Во станицата се врши пречистување на отпадните фекални води од градот Ресен, и селата Јанковец, Царев Двор, Езерени, Горна Бела Црква и Долна Бела Црква односно приклучени се според проценките приближно 10.000 жители.

  • Одведување и испуштање на атмосверски води
  • Собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и интерен отпад
  • Одржување на јавна чистота
  • Одржување на гробишта и давање на погребални услуги
  • Отворени и затворени пазари на големо и мало

Како една од седумте дејности во склоп на работењето на ЈКП Пролетер е и раководењето со Градскиот пазар кој е еден значаен објект од делокругот на работењето. На овој пазар лоциран во централното градско подрачје жителите на Преспа, продаваат и купуваат земјоделски производи.
Во текот на 2022 година редовно е одржувана хигиената со метење, миење и отстранување на комуналниот отпад на Градскиот пазар.

"70 години квалитетна вода за пиење "

Над 780 физички и хемиско-бактериолошки испитувња дневно.