Одделенија

Learn more about our departments

Одделение гробишта и пазар- раководител Христина Јоновска hristina.jonovska@proleter.mk

Градските гробишта во Ресен за основна функција имаат погребување на покојните и извршување на христијански обичаи и навики на населението. Обезбедувањето на оваа функција на гробиштата е во надлежност на Работната Единица Гробишта при ЈКП „Пролетер“ – Ресен. 

За таа цел редовно се вршат следните активности: 

 

– Косење на тревата и тоа најмалку три пати годишно а по потреба и повеќе. 

 

– Собирање и изнесување на различни видови на отпад (кеси, хартија, старо цвеќе и венци, градежен шут што останува при изведба на спомениците и др.) 

 

– Одржување на патеките и водоводот. 

 

– Кастрење на дрвјата и др. 

 

Овие активности ќе се вршат во текот на целата година со еден работник а во периодот на пролет и лето кога се зголемува обемот на работа потребна за косење на тревата ќе се ангажира уште еден работник за период од четири месеци а по потреба ќе бидат ангажирани и работници од другите единици на ЈКП „Пролетер“. 

 

 За организација и спроведување на активностите се ангажира еден одговорен работник – раководител, кој е магистер инженер архитект со постојано работно место во ЈКП „Пролетер“. 

 

  За подобрување на гробиштата потребни се дополнителни интервенции како уредување на новата парцела, доуредување на стариот дел на гробиштата, оградување на гробиштата во делот каде сеуште не е оградено. Општина Ресен е надлежна за поголемите инфраструктурни интервенции на градските гробишта и заради тоа а со цел подобрување на инфраструктурата редовно се консултираме со задолжени лица од општина Ресен.  

 

Градските гробишта во Ресен се наоѓаат во јужниот дел од градот на патот Ресен – Царев Двор. Тие се наменети за верниците од христијанска вероисповед и се до 2016 година зафаќаа 1,5 хектари земјиште. Во тек е постапка за зголемување на површината и обезбедување на нови гробни места.